СЗО: Наесен се очекува да има повеќе починати од Ковид-19

Илустрација

Ханс Клуг, првиот човек на европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО), вели дека во октомври и ноември очекува зголемување на бројот на смртни случаи поради Ковид-19. Тој, во интервју за АФП, вели дека „ќе стане потешко, во октомври и ноември ќе видиме поголема смртност.“

Во моментов во светот има повеќе од 29 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 924 илјади починати.

Клуг предупредува и дека вакцината нема да значи крај за пандемијата.

„Цело време слушам дека вакцината ќе биде крајот на пандемијата, се разбира дека нема да биде. Се уште не знаме дали вакцината ќе делува за сите групи од населението. Имаме некои сигнали дека ќе помогне на една група, но не и на друга. Ако треба да се нарачуваат различни вакцини тоа ќе биде логистички кошмар“, вели Клуг во интервјуто.

Според него, крајот на пандемијата ќе биде „моментот кога сите како заедница ќе научиме да живееме со пандемијата.