Германската Влада денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и во Шведска потврдиле дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отруен со нервен агенс новичок, пренесе АФП.
Претходно, присуството на таа супстанца кај Навални потврди и германска воена лабораторија. На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде од тогаш е на лекување. Дел од меѓународната јавност ја обвини Русија за состојбата на Навалнѕ, а официјална Москва отфрли секаква вина за тоа.
- Руската полиција сака да го испитува Навални во Германија
- Г7 ја повика Москва итно да ги изведе на суд виновните за труењето на Навални
Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, денеска изјави дека примероци се испратени и до Организацијата за забрана на хемиско оружје и оти ќе ги тестира во нејзините референтни лаборатории.
„Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за понатамошни чекори“, додаде тој.