Маричиќ најави отворени изборни листи и ветинг во судството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на денешната прес конференција најави промена на изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи, ако за тоа има и политичка војла од партиите.

Според министерот, мерката е дел од работниот план што ќе треба да го реализира министерството коешто го предводи.

„Ќе работам на измените на изборниот законик со кои ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори наредната година“, рече Маричиќ.

Новиот министер за правда денеска најави и дека на почетокот на наредната година се очекува да започне ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство но и домашните експерти.

„Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани со високата корупција, додаде тој.