Црногорската ДИК објави конечни резултати: Ѓукановиќ со најмногу пратеници

Архивска фотографија - Ѓукановиќ со сопартијците по парламентарните избори на 30 август 2020

Државната изборна комисија на Црна Гора денеска ги објави конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа на 30 август, според кои Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ освои 30 пратенички места, коалицијата За иднината на Црна Гора – 27, коалицијата Мирот е наша опција – 10 и платформата Црно на бело ќе има четворица пратеници, јави МИА. Социјалдемократите и Бошњачката партија ќе имаат по три мандати, Социјалдемократската партија – два, додека по еден претставник ќе имаат Албанската листа Ник Ѓељошај – Генци Ниманбег и коалицијата Едногласно.

Според конечните резултати не е променет односот на сили на политичката сцена во Црна Гора и понатаму ДПС е највлијателна политичка партија, која може сама да формира влада, додека трите опозициски коалиции го имаат потребното парламентарно мнозинство во 41 пратеник. Договор за новата влада минатата недела потпишаа лидерите на трите опозициски коалиции – За иднината на Црна Гора на Здравко Кривокапиќ, Мирот е наша опција на Алекс Бечиќ и коалицијата Црно на бело на Дритан Абазовиќ.

Tрите коалиции повеќе пати по изборите ги повикуваа малите партии, кои традиционално беа партнери на ДПС на Ѓукановиќ, да се придружат на новата власт. Црногорскиот Парламент, чие конституирање се очекува, има 81 пратеник.