Нови 98 случаи на коронавирус, двајца починати

Илустрација: Тестирање за антитела на коронавирус во Скопје

Во изминатото деноноќие се регистрирани 98 нови случаи на коронавирус во Македонија, а двајца луѓе починаа. Направени биле 1253 тестирања, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 17, а потоа следуваат Куманово 13, Прилеп 11, Тетово 10, Гевгелија и Гостивар по 7...

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 165.892 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 15791, бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.