На денешните протести во Бугарија се уапсени шест луѓе, затоа што наводно носеле забранети предмети. Во главниот град на Бугарија, протестите против корупцијата, Владата и државниот обвинител се одржуваат веќе 64 дена. При претресот во областа каде што демонстрантите протестираат полицијата пронашла метални цевки, вреќи полни камења и стаклени шишиња, дрвени шипки, два ножа, стап и сад со пет литри неидентификувана течност со силен мирис.
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Софија
Денешниот протест е продолжение на „Големото национално будење“ одржано на 2 септември, кога илјадници демонстранти маршираа по улиците барајќи оставка од владата на Бојко Борисов и главниот државен обвинител Иван Гешев.