Бесими до ММФ: Ублажувањето на ефектите од ковид-кризата е приоритет

Министерот за финансии Фатмир Бесим

Влијанието на кризата предизвикана од Ковид-19 врз македонската економија, досегашните пакет-мерки и новиот што се изготвуваат во соработка со сите чинители во економијата, како и во консултации со Светска банка и ММФ, беа тема на разговор на првата онлајн официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Бергјот Бјорнсон Баркбу, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Северна Македонија и Штефани Ебле, регионален резидентен претставник за земјите од Западен Балкан.

Бесими, како соопшти Министерството за финансии, на средбата истакнал дека главен приоритет ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид-кризата и обезбедување солидна основа за заздравување на економијата, а притоа зачувување на макроекономската стабилност. Најавил дека ќе се следи работата на инситуциите и реализацијата на планираните проекти за конкретната година и во согласност со тоа ќе се утврдува колку средства ќе им се доделуваат наредната година