Лавров: Договорот меѓу Белград и Приштина е во интерес на решавање на ситуацијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров врска со договорот во Вашингтон меѓу Белград и Приштина рече дека Русија ги поддржува сите договори што се постигнати доброволно меѓу Србија и Косово. „Немаме причина да се сомневаме дека српското раководство продолжува да се залага за целосна имплементација на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати изјави, ние цврсто ќе ја поддржуваме Србија во чекорите што смета дека е потребно да ги преземе според таа резолуција. Што се однесува до делот од документот потпишан во Вашингтон, кој се однесува на ситуацијата на Блискиот исток, Лавров изрази сомнеж и „искреност и совесност на медијаторот“ кој додава прашања што немаат никаква врска со проблемите меѓу Белград и Приштина.

Дали преку економски може да се дојде и до политички договор меѓу Србија и Косово?

Во меѓувреме, премиерот на Косово Авдулах Хоти изјави дека Израел го призна Косово 22 минути откако тој и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обврзаа во Вашингтон за нормализирање на економските односи меѓу двете страни. „Погрешно е за кој било да се сомнева дека овој договор го нарушува суверенитетот на државата Косово. Мислам дека ова признание, кое пристигна од Израел 22 минути по потпишувањето на договорот во Белата куќа, може само да го зајакне суверенитетот на државата Косово“, изјави Хоти. Вучиќ и Хоти ветија дека ќе ги нормализираат економските односи во Белата куќа во петокот. Во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, секој потпиша копија од документот наречен „Економска нормализација“.

Косово нема да бара членство во меѓународни организации, Србија прекинува со кампањата против косовската независност

Документите се разликуваат само во последната од 16-те точки. Во документот потпишан од Вучиќ, последната точка гласи: „Србија (Белград) се согласува да отвори канцеларија на Стопанската комора и државна канцеларија во Ерусалим на 20 септември 2020 година и да ја пренесе амбасадата во Ерусалим до 1 јули 2021 година“. Во документот потпишан од Хоти, последната точка гласи: „Косово (Приштина) и Израел се согласуваат на меѓусебно признавање“.