Потпишување на договорот на Израел и ОАЕ на 15 септември во Белата куќа

Илустрација

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) планираат да потпишат договор за нормализација на односите во Белата куќа на 15 септември, соопштија американските власти, јави АП.

Двете држави на 13 август се согласија да воспостават целосни дипломатски односи, потег што беше поздравен како историски чекор што ќе го унапреди мирот на Блискиот Исток. Со договорот, на кој посредуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, ОАЕ станува првата земја од Персискиот Залив која воспоставува целосни дипломатски односи и само трета арапска земја која има активни дипломатски односи со Израел. Неколку муслимански држави, меѓу кои и Турција и Иран, остро го критикуваа договорот.

Делегациите од двете држави најверојатно ќе ги предводат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Емиратите, Мохамед бин Зајад, велат анонимни претставници на Белата куќа за Асошиејтед прес.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде домаќин на настанот.