Детските градинки во државата денеска почнаа со работа според строги здравствени протоколи, а за згрижување се пријавени 14.555, за околу 19 илјади места.
Министерката за труд и социјална политика утрово информираше дека отворањето ан градинките поминало добро.
„Протоколот предвидува ограничен број на дечиња од група, посебен режим на исхрана, како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките. Апелот е повеќе настава на отворено. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат“, изјави министерката Шахпаска.
Министерката апелираше воспитувачките и учителките да бидат цел ден во својата група, да има повеќе настава надвор и да нема групирање за пиење кафе за да се заштитат сите од ширење на болеста.