Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во минатиот петок во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп тој „се однесувал одговорно и учтиво“ и дека разговорот бил „одличен“. Секогаш би го повторил тоа, затоа што моја обврска е да направам се што можам за мојата земја, за Србија. И, се обидов да направам се што можев да биде во интерес не само на Србија, туку и на сите други во регионот, рече Вучиќ во интервју за сараевскиот „Дневни аваз“. Тој рече дека „не му паднало на памет дека поради столот на кој седел во Овалната соба во Белата куќа, да ја напушти средбата со Трамп“.
Захарова му се извини на Вучиќ по разговорот со Лавров
„Замислете претседател на која било од нашите мали земји во регионот да добие шанса да влезе во Овалната соба, да разговара билатерално, сам со претседателот на Соединетите држави и кога ќе му стават стол, тој да рече:„ Извинете, не ме интересира овој стол. Ќе го шутнам, ќе излезам надвор и ќе кажам навистина не и е гајле за САД, бидејќи за мојата суета е многу важно каков е столот“, рече Вучиќ. Порталот „Дневни аваз“ објави дел од интервјуто со претседателот на Србија, најавувајќи дека целиот текст на разговорот ќе биде во денешното печатено издание.