Грција планира да купи оружје, да ги зајакне своите вооружени сили и да ја обнови својата одбранбена индустрија, соопшти владата со растот на тензиите со сојузникот во НАТО Турција околу енергетските ресурси на истокот на Медитеранот. Грција, која во 2018 година излезе од економската криза и се бори со економското влијание на кризата со коронавирусот, сака да потроши дел од своите готовински резерви од неколку милијарди евра на својот одбранбен сектор. Премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги претстави ваквите планови за време на годишниот говор за економска политика в сабота.
Франција бара од ЕУ санкции за Турција поради тензиите со Грција
Претставник на грчката влада минатата недела за Ројтерс изјави дека Грција разговара со Франција и други земји за аквизиција на борбени авиони. Мицотакис ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон на Корзика в четврток, пред самитот на јужноевропските лидери на овој француски остров Корзика. Двајцата лидери се очекува да разговараат за затегнатите односи на Европската унија со Турција, соопшти кабинетот на Макрон.