Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи рече дека разговарал во Берлин со високиот американски функционер Метју Палмер за економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово. Вархеи изјави дека со специјален пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, разговарале за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“ за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Претходно Вархеи во Брисел се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Европскиот комесар за проширување изјави дека имал „одличен разговор“ со Вучиќ, кој „го информирал за неговите важни состаноци и договори“ потпишани во петокот во Белата куќа.
Вучиќ: Усогласени неколку прашања, најтешкото допрва доаѓа
Вучиќ и косовскиот премиер Хоти тогаш ветија дека ќе ги нормализираат економските односи. Во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, секој потпиша копија од документот наречен „Економска нормализација“. Со средбата меѓу Вучиќ и Хоти, вчера во Брисел продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите под покровителство на ЕУ.