12 чешки полицајци на границата со Грција се корона позитивни

илустрација

Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за здравство.

„Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на граница. Сите се изолирани во карантин во мотел “, посочуваат од Министерството за здравство.

Ниту еден од нив немал симптоми, но на тестирањата биле позитивни. Во изолација се ставени сите нивни колеги со кои биле во контакт. Чешките полицајци се подготвувале да се вратат во Чешка, но сега ќе мора да останат во изолација откако се покажале како позитивни на вирусот Ковид-19.

За 24 часа 37 нови корона позитивни и 6 починати

Во Гевгелија досега се регистрирани 73 случаи со КОВИД-19, од кои активни се 46.