Навални се разбуди од кома, рано е за прогнози за последиците

Фотографија од приемот на Алексеј Навални во берлинската болница на 22 август 2020 година.

Рускиот дисидент Алексеј Навални се разбуди од медицински предизвикана кома и се одвикнува од механичка вентилација, соопшти денеска попладне берлинската болница каде тој се лекува. Во соопштението од болницата Шарита во германската престолнина се вели дека состојбата на Навални е „подобрена“ и дека е „ премногу рано да се измерат потенцијалните долгорочни ефекти од неговото тешко труење“, јави ДПА.

Навални, еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во Германија во коматозна состојба на 22 август, два дена откако се разболе на при авионски прелет во Русија. Германија тогаш изјави дека постојат „недвосмислени“ докази дека 44-годишнит опозиционер бил жртва на напад на нервен агенс, што канцеларката Ангела Меркел ја опиша минатата недела како обид „тој да се замолчи“.

Според наодот, добиен во специјалната воена лабораторија во Германија, открил во системот на Навални траги од хемиски нервен агенс од групата Новичок,изјави портпаролот на германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас, кој веднаш го повика рускиот амбасадор Сергеј Нечаев во знак на протест и повика на целосна и транспарентна истрага.

Руската влада негира каква било вмешаност во труењето. Рускиот државен обвинител издаде барање за правна помош од Германија за случајот Навални.