Владата не уриваше пред „Мавровка“, туку асистираше на Општина Чаир која уриваше, заради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, па ние понудивме да асистираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите.
Бесправниот објект кај ДТЦ „Мавровка“ беше урнат минатата недела со механизација на државното претпријатие „Македонија пат“, а по владина одлука. Тогаш, по еден месец откако не можеше да му се открие идентитетот, се јави и инвеститорот на објектот со тврдење дека се е легално и дека ќе тужи за уривањето. Ден пред уривањето, МВР му поднесе пријава за бесправна градба.
- Шилегов: Градот Скопје нема ингеренции за уривање на 140 дивоградби
- Се јави инвеститорот на објектот кај Мавровка: Се е легално, ќе тужам
Премиерот Заев денеска рече дека очекува постапките за уривање на дивоградби да продолжат и општините сами да постапат.
„Се знае кога државата може да им помогне на општините. Тогаш кога ќе видиме дека направиле се во нивна надлежност и немаат можност да го направат тоа“, изјави Заев.