Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација (влошување) на болеста, соопшти Комисијата.
За работничките кои се на продолжено породилно, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година, а продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата, која треба да се произнесе по неа за евентуално да стапи на сила.