Во светот скоро 27 милиони заразени со коронавирис

илустрација

Според последните податоци објавени од Универзитетот Џонс Хопкинс, бројот на инфекции со коронавирус надмина 26.920.000, ширум светот, додека пријавени се 880.500 смртни случаи. Во Соединетите држави, претседателот Доналд Трамп и членовите на работната група за коронавирусот во Белата куќа ги повикаа Американците да продолжат да ги следат упатствата за социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на коронавирусот за време на викендот на Денот на трудот.

САД нема да им се приклучат на глобалните напори за вакцина против ковид-19

САД водат во светот во инфекции со коронавирус, со скоро 6,25 милиони случаи и бележат повеќе од 188.500 смртни случаи. Во Франција, која објави рекордни дневни бројки на нови инфекции со коронавирус во последните неколку дена, властите го зголемија бројот на области што се сметаат за „црвени зони“. Франција забележа повеќе од 347.000 инфекции и 30.700 смртни случаи како резултат на коронавирусот.

Берлускони заразен со коронавирус

Во Италија, поранешниот премиер Берлускони, кој летово помина неколку недели на одмор на Сардинија, останува хоспитализиран во Милано со КОВИД-19. Италијанската влада се очекува да ги продолжи мерките за спречување на ширење на коронавирусот до септември. Италија бележи повеќе од 277.600 инфекции и повеќе од 35.500 смртни случаи, а во последните неколку дена забележа и зголемување на случаите на коронавирус.