Протестите во Белорусија продолжуваат и покрај апсењата демонстранти

Минск, 06.09.2020.

Десетици илјади Белоруси маршираа низ центарот на Минск како дел од континуираните напори предводени од опозицијата за притисок врз претседателот Александар Лукашенко да си даде оставка. Сцените од белоруската престолнина на 6 септември покажаа масовно присуство на луѓе низ центарот на градот извикувајќи „Да живее Белорусија“. и „Срамота!“. Долгата колона демонстранти тргна кон претседателската палата, која беше чувана од полицијата со оклопни возила и водени топови.

Полицијата на готовс поради протестите во Минск

Полицијата пред резиденцијата на Лукашенко, наводно употребила солзавец врз демонстрантите, а најмалку 20 демонстранти биле приведени. Белорускиот сервис на РСЕ објави дека конфронтации меѓу полицијата и демонстрантите се случиле во западниот град Хродна и на исток во Махилиу. Протести имало и во јужниот град Хомел. Властите соопштија дека биле повредени помалку од 100 луѓе. Видеа објавени на неколку канали на Телеграм прикажуваа оклопни возила на неколку локации во градот. Пред маршот, безбедносните служби предупредија на акција против оние кои решија да учествуваат на демонстрациите.