Вучиќ и Хоти на разговори во Брисел

Косовскиот премиер Авдулах Хоти, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и српскиот претседател Александар Вучиќ се состанаа во Брисел, 16 јули 2020 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти, денеска во Брисел го продолжуваат дијалогот Белград-Приштина. Тие „ќе се осврнат врз договорот за заедниците со немнозинско население и врз намирувањето на заемните финансиски побарувања и имот“, објави Питер Стано, главниот портпарол на ЕУ за надворешни работи. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак, ќе бидат домаќини на разговорите.

Србија и Косово се договорија за економска нормализација на односите

Денешната средба на високо ниво ќе биде втора меѓу Вучиќ и Хоти во Брисел откако во јули продолжи дијалог. Пред разговорите во Брисел, лидерите во минатата недела во Вашингтон имаа дводневен дијалог спонзориран од САД со цел да се подобрат односите меѓу балканските земји. Стано изјави дека институциите во Брисел го забележале потпишувањето на документот меѓу Белград и Приштина во Белата куќа во Вашингтон, наведувајќи: „Ќе продолжиме да работиме на сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на сите отворени прашања во врска со нивните односи, во согласност со меѓународното право и законодавството на ЕУ“.

Хоти:Косово и Србија ќе се договорат само кога меѓусебно ќе се признаат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, потпишаа договор со претседателот на Соединетите држави во Вашингтон за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Лансиран во 2011 година, процесот предводен од ЕУ ги промовира разговорите меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите меѓу двете балкански земји и изнаоѓање на заемно согласно решение за споровите.