Протести во Подгорица: Не ја даваме Црна Гора

Протести против новата Владина коалиција во Црна Гора

Неколку илјади демонстранти се собраа вечерва на плоштадот во Подгорица скандирајќи „ Не ја даваме Црна Гора“. Според организаторите на протестот „Патриотски собир“ целта било да се дигне гласот во одбрана на „единствената вистинска световност - независна, граѓанска, секуларна, мултикултурна и антифашистичка Црна Гора“. „Патриотскиот собир“ се одржува седум дена откако водечката партија Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ според изборните резултати не може да формира Влада. На протестите биле пеени патриотски песни и палени бакли, но поминале без поголеми инциденти, во релативно мирна атмосфера.