Илјадници Белоруси денеска маршираа низ центарот на Минск како дел од напорите на опозицијата да изврши притисок врз претседателот Александар Лукашенко да си поднесе оставка. Неколку колони демонстранти маршираа по улиците низ центарот на граддот со црвено-бело белоруско знаме кое стана симбол на опозицијата. Толпата скандираше „ Да живее Белорусија“ и „Срамота“, како и „Оставка“. Претходно во текот на денот на видеа на социјални мрежи беа објавени полицајци кои поставуваа бодликава жица околу неколку владини згради и споменици низ Минск, како и распоредување на полиција со полна опрема покрај неколку метро станици во центарот на градот. Во дел од видеата беа прикажани и оклопни возила паркирани низ центарот на градот.