Хоти:Косово и Србија ќе се договорат само кога меѓусебно ќе се признаат

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека утре во Брисел ќе стартуваат преговорите меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање на двете држави, јавува МИА. Хоти во статусот напишан на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека договор со Србија ќе се постигне единствено кога тој ќе се заокружи со меѓусебно признавање

„Нема да има меѓудоговор или парцијален договор кој не го решава проблемот засекогаш. Ќе има само конечен договор за меѓусебно признавање, кој е систематски и во кој ќе бидат адресирани сите прашања кои треба да се решат меѓу две независни држави, врз основа на меѓународните конвенции, стандарди и практики за регулирање на односите меѓу две независни држави“, напиша Хоти.