Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес конференција изјави дека Градот нема ингеренции за уривање на дивоградби. Тој посочи дека анализата на општината укажува дека има околу 140 објекти на териториијата на целиот град. Шилегов ги повикува институциите да си ја работат својата работа во рамките на ингеренциите.
„Она што знам за „Мавровка“, кафулето во сутеренот беше легализирано, веројатно во постапка на обнова, бидејќи изгоре, може да се врати само тоа што било предмет на легализација и ништо повеќе. Апелирам да не се злоупотребуваат законските прописи и да покажеме дека институциите ги извршуваат со полн капацитет своите надлежности – прво, за да се спречи повторно градежно дивеење на недозволен начин и, второ, да се санкционираат што е можно повеќе луѓе кои недозволиво изградиле објекти,“ изјавви Шилегов.
Шилегов вели дека тоа влијае и на економијата и е некоректно граѓаните кои уредно ги подмируваат давачките да имаат нелојална конкуренција. Во врска со воведувањето комунална полиција, Шилегов очекува законот во собраниска процедура да влезе по нова година, откако ќе се одблокира работата во Собранието и ќе се формираат собраниски комисии и, како што рече, да се испеглаат разликите со министерството за преземање на ингеренциите.