Бугарскиот претседател Румен Радев го осуди насилството врз полицијата, но и однесувањето на полицијата кон граѓаните, јави агенцијата БГНЕС.
„Категорично го осудувам насилството врз полицијата, но исто така не се согласувам со тоа што полицијата тепа незаштитени бугарски граѓани. Ова нанесе сериозен удар врз моралните основи на општеството“, изјави Радев на состанокот со претставници на раководството на Министерството за внатрешни работи и службите.
Тема на состанокот беше ескалацијата на тензиите за време на протестите во главниот град на 2 септември, кога беа повредени многу полицајци и граѓани.
Радев смета дека треба да се казнуваат оние полицајци кои го нарушуваат угледот на полицијата.
Во Бугарија продолжија протестите, Борисов не поднесува оставка