Бектеши: Се работи на четврти сет економски мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека не е најцрното сценарио за Северна Македонија фактот што во буџетот има намалување на приходите за 13,9 проценти.

„Согласно информациите кои јас како министер ги имам се движиме во првото сценарио кое и не е најцрно сценарио што се однесува до приходите на државата. Ние не застануваме тука, веќе се реализираат сите мерки од првите три сета економски. Во моментов се работи и на нов четврт економски сет“, рече денеска Бектеши пред бизмисмените од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.

Според него, ќе се дефинираат поединечни сектори каде би имало потреба за поголема поддршка од страна на државата, ќе се направат секако и даночни реформи и директно субвенционирање на компаниите кои би биле храбри во 2021 година да инвестираат.

Земајќи го во предвид досегашното искуство од справување со Ковид 19 и последиците кои ваквата појава ги остава врз економијата, Владата, рече Бектеши, е подготвена и во иднина да реагира со соодветни мерки, пред бизмисмените од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.