Главниот противник на Александар Лукашенко на претседателските избори во Белорусија, Свјатлана Циханускаја денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Естонскиот амбасадор во ОН Свен Јиргенсон изјави Циханускаја, која се засолни во Литванија по изборите, ќе разговара со најмоќното тело на ОН на состанокот чиј фокус ќе биде кршењето на човековите права во Белорусија.
Лукашенко назначи нови шефови на безбедносните служби
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, се соочува со невидени протести од спорните избори на 9 август. Според официјалните резултати, кои опозицијата ги нарекува лажни, Лукашенко на тие избори освои 80 проценти од гласовите. Соединетите држави и Европската унија ги критикуваа изборите, за кои сметаат дека не биле ниту слободни ниту фер, и ги повикаа белоруските власти да започнат дијалог со опозицијата.