Протест пред манастирот во Цетиње

Неколку илјади луѓе се собраа на 3 септември пред манастирот во Цетиње, каде што се наоѓа седиштето на Митрополијата на Српската православна црква во Црна Гора. 03.09.2020.

Неколку илјади луѓе денеска се собраа на патриотски собир пред манастирот во Цетиње, каде што се наоѓа седиштето на Митрополијата на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, со порака, како што наведоа, дека Црна Гора е најголема светост. Собирот заврши мирно, без инциденти.

Според најавите, на собирот не присуствувале политички претставници и говорници. Соборот го организираше неформална група на граѓани од Цетиње, а учесниците носеа црногорски знамиња и пееја патриотски песни.

Данило Брајовиќ, еден од организатрорите на собирот, за РСЕ изјави дека собирот е направен спонтано со цел да се искаже љубов и незадоволство.

„Нашата цел е да покажеме како се сака државата, а незадоволните со најава дека тројната коалиција ќе го ревидира Законот за слобода на веросиповест. Со порака на љубов и мир сакаме да покажеме дека може да се дојде до договор кој ќе биде добар за Црна Гора“, наведе Брајовиќ.

Тој исто така рече дека ги повикуваат Србите во Црна Гора да „сфатат и да прифатат дека ние постоиме и дека нема да се откажеме.“

„Ги повикуваме да сфатат дека не можат во Црна Гора да вејат туѓи знамиња“.

Црногорско-приморската Митрополија претходно соопшти дека полицијата не им одговорила на дописите поврзани со собирот пред Цетињскиот манастир, за кој не се знае дали е пријавен.

Од Митрополијата е соопштено дека ден претходно за собирот ја известиле цетињската полиција, директорот на полицијата на Црна Гора Веселин Вељовиќ и министерот за внатрешни работи Мевљудин Нухоџиќ.

Со дописот се запознаени и делегацијата на Европската унија, како и амбасадите на САД и Велика Британија во Црна Гора.