Ќе дадеме се од себе да постигнеме компромис за важните економски прашања, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на потекот на состанокот со претставниците на Косово во Белата куќа во Вашингтон.
Вучиќ и косовскиот премиер Авхулах Хоти доцна попладне на 3 септември стигнаа на состанок во Белата куќа, со посредство на САД.
Во видео порака на неговиот офицјален профил на Инстаграм, Вучиќ рече дека тоа нема да биде лесен состанок за делегацијата на Србија.
„Сакаме мир, сакаме стабилност, сакаме напредок на Белград, Приштина и целиот наш регион и пред се ќе мораме да се грижиме за нашиот народ на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
Во меѓувремеме, српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој е дел од делегацијата на Србија во разговорите со Косово, пред новинарите изјави дека економските теми не се приоритет на состанокот, како што очекувале, а дека сите 16 точки се политички, меѓу кои и меѓусебно признавање.
Вучиќ претходно додаде дека забележал „бројни арогантни изјави на албанските претставници од Косово и Метохија кои зборуваат за признавање на Косово“. Тој им порача на граѓаните дека „предавството некогаш не било опција.“
Премиерот на Косово Авдулах Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретнат на 3 и 4 септември во Белата куќа во Вашингтон, под покровителство на Ричард Гренел - специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалог меѓу Србија и Косово.
Српската влада денеска усвои декларација со која му дава поддршка на Вучиќ во разговорите со претставниците на Косово и Вашингтон.