Дачиќ: Ако Србија се мешаше во Црна Гора, резултатите ќе беа поубедливи

Архивска фотографија - Ивица Дачиќ на гласање на 21 јуни 2020 година.

Резултатот на изборите во Црна Гора би бил многу поубедлив доколку Србија се мешаше, но не се мешаше, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кој за РТС ги коментираше изјавите на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

„Тие никако да сфатат дека проблемот не е Србија, ниту Србите кои живеат во Црна Гора. Тоа се нивните граѓани“, рече Дачиќ за Радио телевизија Србија и додаде дека „народна волја е Демократската партија на социјалистите, која ја предводи Ѓукановиќ, да замине од власта, за што, како што рече Дачиќ, се виновни самиот Ѓукановиќ и неговата партија.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, по парламентарните избори во Црна Гора, како можна причина за исходот од изборите ја наведе, како што рече, „манипулацијата со Црквата и официјален Белград околу Законот за слобода на религијата, кој Белград го иницираше и го водеше од декември минатата година до денес“. Опозицијата на овие избори освои 81, од вкупно 80 парламентарни мандати.