Понуда за поранешните пратеници - Работа место апанажа

Седница на новиот парламентарен состав во Собранието на Реублика Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, пред денешната средба со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за апанажите, рече дека ќе им помогне на пратеници од поранешниот собраниски состав веднаш да бидат ангажирани на други позиции и работни места во јавниот сектор.

Апанажите секогаш се актуелизираат после секои избори, кога престануваат мандатите на пратениците и дравните функционери, а чие користење е нивно законско право. По последните предвремени парламентарни избори се актелизираше и можна измена во Законот за апанажа, но таа, како што објасни премиерот Заев, не може да важи ретроактивно.

Денеска премиерот Заев рече дека лично ќе им даде понуда на поранешните пратеници, но дека тоа нема да бидат директорски позиции.

„Голем процент од поранешниот пратенички систав ќе има од мене лично понуда да се вгради во јавните институции. Не зборувам за директорски места, туку зборувам за позиции кои што ќе значат искористување на нивното драгоцено искуство и капацитет, да може да влезат во самите институции и да продолжат да креираат за својата држава, затоа што кога извршувале највисоки државни функции, редно е тие профили кои имаат свои експертизи и профили да придонесат во функција на државата“, рече Заев.

Премиерот најави дека следните месеци ќе бидат месеци на донесување на такви одлуки, и е убеден дека 50 до 60 отсто од апанажите веднаш ќе опаднат.