Веројатно најдолгиот и најобемен судски процес што некогаш се водел во Грција, процесот против партијата Златна зора, се очекува да заврши до крајот на неделава, а конечните одлуки и пресудата за обвинетите, веројатно ќе бидат соопштени во октомври, доколку сѐ оди според планот, јави МИА од Атина.
Судскиот процес за Златна зора почна на 20 април 2015 година во специјално адаптирана просторија во атинскиот затвор „Коридалос“, а подоцна беше префрлен во судница. Главното обвинение е дека политичката партија всушност функционирала како криминална организација и стои зад низа инциденти, расистички напади, но и зад убиството на музичарот Павлос Фисас пред седум години.
- Портпаролот на Златна зора ги обучувал партиските членови да користат оружје
- Активисти со протест бараат осудителна пресуда за Златна Зора
Додека траеше денешното рочиште, пред судот, членови на антифашистички и левичарски организации одржаа мирен протест, упатувајќи пораки дека „На неонацистите местото им е во затвор“, „Неонацистите не се невини“, „Слобода на народот, смрт за фашизмот“; „Убијците од Златна зора да бидат испратени во затвор“; „Златна зора е криминална организација“..., јави МИА.
Кога во 2015 година почна процесот против Златна зора, многумина во Грција судењето го нарекуваат историско.