Радев: Бугарите сакаат безусловна оставка од Владата

Бугарскиот претседател Румен Радев на денешното обраќање во Националнотособрание

Бугарскиот Парламент, во овој историски момент, треба да биде на висина на очекувањата на јавноста и да спречи земјата да влезе во хаос, немири и беззаконие, рече бугарскиот претседател Румен Радев во денешното обраќање во Националното собрание, додека надвор неколку илјади демонстранти бараат оставка од Владата. Според бугарските медиуми, ситуацијата пред Парламентот е тензична.

Во Бугарија веќе два месеци се организираат протести на кои се бара оставка од премиерот Бојко Борисов и неговата Влада. Демонстрантите велат дека оставката ја бараат поради „несправувањето на Владата со корупцијата“. Премиерот Борисов предложи промена на Уставот, распишување избори и понуди оставка по нивното распишување.

Претседателот Радев денеска од Парламентот порача дека „Бугарите се за итна и безусловна оставка на Владата“. Пред почетокот на неговото обраќање, пратениците на ГЕРБ, Обединетите патриоти и Волја ја напуштија собраниската сала, на што Радев искоментира: „Бегството нема да ве спаси од срам. Со тоа, докажувате дека вистинскиот Парламент е надвор“.

„Немаме друг излез од блокадата на државата освен мирна, нормален политички чин на оставка во случај на губење на довербата, рече шефот на бугарската држава. Пред почетокот на неговата изјава, пратениците на ГЕРБ, Обединетите патриоти и Волја ја напуштија собраниската сала. – Бегството нема да ве спаси од срам. Со тоа, докажувате дека вистинскиот Парламент е надвор“, рече Радев.