Зближувањето со Путин ќе влијае врз односите на Црна Гора со САД и ЕУ

Мајкл Карпентер

Можна е промена во надворешната политика на Црна Гора, во рамките на новата влада, но залагањето за поблиски односи со Русија би влијаело врз односите Подгорица-Вашингтон, бидејќи тоа Западот го гледа како поддршка на автократските склоности на Путин, рече директорот на организацијата „Центар Пен Бајден“ и екс функционер на Пентагон, Мајкл Карпентер.

Во Црна Гора владеењето на партијата на Ѓукановиќ под прашалник

„Ако новата коалициска влада одлучи да побара поблиски односи со Русија, тоа секако ќе влијае врз односите со Соединетите држави“, вели Карпентер во интервју за Гласот на Америка. Тој додаде дека Црна Гора треба да се запраша на оваа раскрсница, особено со фокус на влез во Европската унија: „дали е тоа геополитички пресврт што сака да го преземе, бидејќи многу работи можат да одат во погрешна насока кога станува збор за европската интеграција“.