САД немаат таен план за Белград и Приштина

Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ќе се состанат во Вашингтон на 3 и 4 септември во рамките на долготрајните преговори меѓу двете страни. Разговорите ќе се фокусираат врз економскиот развој и создавањето нови работни места, рече неименуван специјален советник на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека досега справувањето со политичките спорови меѓу Србија и Косово не даде резултати и оти САД имаат за цел да се фокусираат врз опипливи економски прашања што ќе им помогнат на луѓето. Тој додаде дека сè уште не е утврдено дали Доналд Трамп ќе присуствува на состанокот меѓу Вучиќ и Хоти.

Вучиќ - Очекувам изненадувања во Вашингтон

И Косово и Србија, кои тежнеат кон пристапување кон Европската унија, се соочуваат со зголемен притисок од Западот за рестартирање на преговорите. Вашингтон ја засили својата вклученост во преговорите Србија-Косово во минатата година во процес што се одвива паралелно со скоро една деценија напори за нормализација со посредство на ЕУ. Во јули, Вучиќ и Хоти ги одржаа своите први преговори во очи по 20 месеци во рамките на процесот на дијалог со посредство на ЕУ, откако Косово ги укина тарифите за увоз на српска стока