Вицепремиерот за европски прашање, Никола Димитров, и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, денеска заедно изјавија дека не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија.
Последните десетина месеци од Бугарија, во неколку наврати, стасуваа официјални информации за можно условување на Северна Македонија во преговорите со Унијата, поврзани со македонскиот јазик и поддршката на македонските организации во Бугарија.
„Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата, рече денеска вицепремиерот Димитров.
Двајцата фисоки владини функционери денеска направија примопредавање на функциите и кабинетите по формирањето на новата Влада. Тие двајцата ги заменија функциите, но како што рекоа, и двата кабинети имаат една цел - евроинтеграција на Северна Македонија во ЕУ.