ОБСЕ: Изборите во Црна Гора транспарентни, но ДПС со „неправедна предност“

илустрација

Меѓународните набудувачи од ОБСЕ денеска соопштија дека парламентарните избори во Црна Гора беа спроведени на ефикасен и транспарентен начин, но посочија дека владеачката партија имаше „неправедна предност“ поради широко распространетата злоупотреба на службената должност и владините ресурси, како и големата медиумска покриеност. ОБСЕ во соопштението наведува дека изборите се одржаа во ситуација на „интензивно поларизирана дебата“ за прашањата на црковниот и националниот идентитет.

Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Парламентарното собрание на ОБСЕ, наведува дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и другите високи функционери беа многу вклучени во кампањата, па со тоа,како што посочуваат, се „тенка“ била границате меѓу државата и владеачката партија.

Во Црна Гора владеењето на партијата на Ѓукановиќ под прашалник

Специјалниот координатор и шеф на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ, Маргарета Кедерфелт, оцени дека кампањата била тешка, но истакна дека владеачката партија имала корист од нееднаквите услови. Според неа, пандемијата на коронавирусот имала влијание врз кампањата и изборите, но не во таа мера како што имало влијание значењето на големите дебати во врска со црквата и националниот идентитет. Во соопштението се додава и дека здравствените протоколи не беа доследно применувани.