Од јануари задолжително пензионирање на лицата над 64 години

илустрација

Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот треба да почне да се применува од јануари наредната година. Според податоците кои ги добил од МИОА во моментов има околу 10.300 лица кои се на возраст над 64 години, а се уште се во работен однос.

„Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри кои навистина ќе може да движат напред. Законот е замислен да биде задолжително пензионирањето на 64 години, односно 62 години за жените флесибилно, освен за вработените во здравство лекари и медицински персонал и за високото образование. Секако ова ќе помне во конуслтатиции со синдикатите и коморите, да видиме што правиме со одредени дефицитарни струки за да се се создаде недостиг на кадри“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со стопанските комори.

Дупките во пензискиот фонд тешко се пополнуваат

Според премиерот пензискиот систем е стабилен и може да ги апсорбира еввентуалните идни пензионери.