Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, денеска изјави дека без договор за меѓусебно признавање не е можна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави МИА од Приштина. Одговарајќи на вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека и ако на средбата на челниците на Приштина и Белград на 4 септември во Белата куќа учествува американскиот претседател Доналд Трамп, нема да се разговара за признавање на косовската држава, Хоти изјави дека единствена тема за која се разговара на тие средби е меѓусебното признавање.
На претстојната средба во Белата куќа, ѝ претходеа десетина средби на претставници на Белград и Приштина, кои не завршуваа со конкретно решение за прашањето за меѓусебно признавање. Косово бара директно признавање на косовска независна држава од страна на Србија.
- Средба на експерти од Косово и Србија
- Лидерите на Косово и Србија на средба во Белата куќа на 4 септември
„На секоја средба на која учествуваме единствената тема за која разговараме е во функција на меѓусебното признавање. Инаку, не може да има нормализирање на односите меѓу двете држави“, изјави Хоти.
Тој денеска беше на чествување кај спомен-плочата на исчезнатите од последната војна во Косово, а по повод Светскиот ден на исчезнати лица и рече дека темата за исчезнатите ќе биде главно прашање на каква било спогодба за нормализирање на односите и меѓусебно признавање на двете држави.