Полицијата апси, масовните протести продолжуваат во Белорусија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Десетици луѓе се уапсени во белоруската престолнина Минск, додека десетици илјади се приклучија на Маршот за мир и независност на 30 август, а против авторитарниот владетел Aлександар Лукашенко. Видеото објавено Министерство за внатрешни работи прикажува судир на полицијата со демонстрантите, откако полицајците во цивилна облека биле видени како тепаат еден човек и го влечат во комбе. Голем број специјалци беа распоредени на улиците на главниот град со неколку оклопни воени возила.