Астронаутката Жанет Епс треба да стане првата црна жена која ќе живее и работи на Меѓународната вселенска станица, кога следната година ќе полета заедно со свајца нејзини колеги.
НАСА оваа недела објави дека 49-годишната Епс од Њујорк ќе оди на нејзината шестмесечна во орбитарната вселенска лабораторија во 2021 година.
Вселенскиот лет ќе бидат прв за Епс, која докторираше во областа воздушно-космички инженеринг во 2000 година.
Таа требаше да лета во орбитата во јуни 2018 година, но беше заменета неколку месеци пред полетувањето. НАСА во тоа време не даде објаснување.
Епс ќе лета до Меѓународната вселенска станица со бродот Боинг ЦСТ-100 Старлајнер. Тоа ќе биде првиот оперативен лет на Старлајнер.
Американската аеро-космичка индустрија развива нови вселенски возила за транспорт, откако НАСА го исклучи од употреба „Спејс шатлот“ во 2011 година.
НАСА во меѓувреме мораше да користи руски возила за лансирање за да испрати астронаути во Меѓународната вселенска станица.
Спејс Икс на Илон Маск ја заврши зависноста на САД од Русија во мај оваа година, кога успешно лансираше астронаути во Меѓународната вселенска станица.