Да падне објектот пред скопскиот трговски центар Мавровка, е една од првите задачи на новата влада, најави денеска мандаторот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој денеска по посетата на Македонска Каменица каде се одбележува „Денот на рударите“ изјави дека за таа задача се разгледани повеќе решенија.
„Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори, синдикатите, работодавците ќе ги развиеме. Една од првите работи е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи“, изјави Заев.
Според истражувалката сторија на ИРЛ и јавните документи до кои дошле, општина Чаир го одобрила барањето за легализација на времениот објект во декември 2019 година. Мевлудин Алити е човекот кој ја поседува и фирмата која што го оперира кафулето “Фонтана” – ТП со угостителска дејност бифе АМ Фонтана во „Мавровка“ и имотниот лист за објектот кој таму се гради, а чии инвеститори институциите не можат да ги откријат за да можат да им го достават решението за уривање.
Шилегов: Чаир да најде начин да се урне дивоградбата кај Мавровка
Претходно општината Чаир тврдеше дека е „мистериозен“ сопственикот на дивограбата и двапати објави тендери за фирма која ќе го изврши уривањето на незаконската градба.