Шведска дозволи присуство на навивачи на стадионите

Шведска.

Шведската влада, со одобрение на здравствените власти, дозволи на спортски натпревари на стадионите да може да присуствуваат до 500 гледачи, на оддалеченост еден од друг најмалку еден метар.

Досега во Шведска на јавните случувања можеа да присуствуваат најмногу до 50 луѓе, на дистанца од два метри.

Швеѓаните да работат од дома до 2021 година

Фудбалските клубови во Шведска бараа да се донесе правило според кое на стадионите може да доаѓаат пропорционален број на гледачи во зависност од капацитетот на стадионите, но тоа беше одбиено.

Епидемиолозите рекоа дека го одбиле тој предлог, оти ако се дозволи потенцијалните гледачи би можело да предизвикаат гужви во јавниот превоз.

Шведска, за разлика од другите земји, презеде многу поблаги мерки за сузбивање на коронавирусот.