Досега нема никакви индиции дека е сторено кривично дело против Алексеј Навални, соопштија денеска руските обвинители. Тие побараа од германските лекари кои го лекуваат рускиот опозициски лидер да ги споделат со нив неговите медицински досиеја.
Навални, кои има 44 години е критичар на Кремљ и се бори против корупцијата. Тој се наоѓа во кома и е сместен во германска болница, откако пред една недела се пожалил дека не му е добро додека летал со комерцијален лет од сибирскиот град Томск, каде што го водел истрага за корупција.
Лекарите во берлинската болница каде се лекува Навални изјавија дека нивниот првичен лекарски преглед на Навални укажува на труење.
Руските лекари кои лекуваа Навални во сибирската болница, се спротивставија на оваа дијагноза, а официјален Кремљ тврди дека германските лекари „брзале“ да го употребуваат зборот „труење“.
Канцеларијата на руското јавно обвинителство соопшти дека прелиминарната истрага започната минатата недела не пронашла „никакви докази“ за „намерни кривични дела извршени“ против Навални и дека не видела основа за покренување кривична истрага.
Со што и од кого е отруен Навални?
Германските власти се согласија да соработуваат со Русија за случајот, соопшти канцеларијата, барајќи од Германија да ги предаде „доказите за првичните дијагнози што ги дале“, вклучувајќи ги и резултатите од тестот.
Во меѓувреме, Единицата за транспорт во Сибир, како дел од Министерството за внатрешни работи соопшти дека спроведува прелиминарна истрага за „утврдување на сите околности“ околу болеста на Навални и да утврди дали треба да се започне кривична истрага. Полицијата извршила увид на локациите што ги посетил Навални, неговата хотелска соба и трасите што ги поминал, а ги испитуваат и снимките од безбедносната камера, се вели во соопштението.