Столтенберг: Лукашенко да не го користи НАТО како изговор

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека секој обид на белоруската влада да ја искористи Алијансата како жртвено јагне за да ги задуши протестите е „погрешно и неоправдано“. Говорејќи во Берлин пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, Столтенберг исто така повика на слободни и фер избори во Белорусија.

„Нема зајакнување на силите на НАТО во регионот, така што секој обид на режимот во Белорусија да го искористи НАТО како изговор за напад врз демонстрантите во сопствената земја е апсолутно погрешен и апсолутно неоправдан“, рече Столтенберг.

Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во последниве денови ги обвини државите од Европската унија за заговор за „обоена револуција“ и предупреди дека НАТО разместува трупи на западната граница на земјата.

Протести против белорускиот претседател се одржуваат повеќе од две недели, а почнаа поради изборните резултати кои покажаа голема победа на Лукашенко. Според демонстрантите, гласањето на изборите било нерегуларно.