Лукашенко - на власт повеќе од четвртина век - во последниве денови дури ги обвини државите од Европската унија за заговор за „обоена револуција“ и предупреди дека НАТО разместува трупи на западната граница на Белорусија.
Воената алијанса категорично ги отфрли обвиненијата за, како што се чини, обид на Лукашенко да ја подигне домашната криза во геополитичка.
Но, и покрај реториката на Лукашенко, настаните во Белорусија остануваат внатрешна работа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Лукашенко е виден како влегува во резиденцијата со пушка
Знамињата на ЕУ и амбициите за западна интеграција не се фактор во демонстрациите што се раширија низ целата земја, при што демонстрантите и опозициските лидери како што е прогонетата претседателска кандидатка Свјатлана Циханускаја повторуваат дека протестите се мотивирани од желбата слободно да се избере лидер и не се дел од антируско или про-западно движење.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Но, со лоши односи и големи сомневања меѓу Москва и Западот, реакциите на ЕУ и на Русија за тековните случувања во Белорусија се формираат - за подобро или полошо - од минатите искуства во Грузија, Украина и Ерменија.
„Сите го знаат руското сценарио во 2014 година и се загрижени за тоа, но Западот и Русија сега се далеку повнимателни отколку порано“, изјави за РСЕ Пол Стронски, поранешен директор за Русија и Централна Азија на Советот за национална безбедност на САД.
Според него, протестите во Белорусија не се геополитички и Западот не бара да го промени тоа.
Затегнување
Европските лидери бргу изразија солидарност со демонстрантите, но ЕУ понуди калибриран одговор на кризата што сугерира дека лидерите на Унијата се претпазливи да го антагонизираат Кремљ за да избегнат воена интервенција на Русија во име на Лукашенко.
Иако сакаат да ги бранат демократските вредности, фер избори и владеење на правото, европските лидери одговорија половично.
Борел: Белорусија не е Украина и затоа работиме со Русија за демократизација
Министрите за надворешни работи на ЕУ ги нарекоа изборните резултати лажни, се согласија за воведување санкции и побараа ослободување на демонстрантите, но не го поддржаа повикот на опозицијата за нови избори.
Наместо тоа, Унијата повика на дијалог меѓу владата и опозицијата за „мирна транзиција на власта“.
„Тонот на ЕУ сугерира јасно признание за руската улога во исходот и дека сè уште постои надеж оти е можно да се ангажираме со Русија конструктивно“, вели за РСЕ Joрг Форбриг, директор за Централна и Источна Европа во германскиот Фонд Маршалов фонд во Берлин.
Изнаоѓањето конструктивно решение со Русија за ќор-сокакот во Белорусија ќе значи ЕУ да го надмине недостигот на доверба што ги расипа односите со Москва по нејзината анексија на Крим во 2014 година и последователната војна во источна Украина.
Но, настаните во Белорусија значително се разликуваат од оние во соседна Украина во 2014 година, кои беа директен одговор на одлуката на украинскиот претседател Виктор Јанукович да се откаже од европската интеграција и реформите во корист на Москва.
Ова доведе идната политичка ориентација на Украина за ЕУ да стане централен фактор на протестното движење што доведе до заминување на Јанукович и интервенција на Русија.
Во Белорусија ситуацијата останува различна, со фокус врз ерозијата на правата за време на 26-годишното владеење на Лукашенко како претседател.
Макрон предлага посредување на ЕУ во Белорусија, со вклучување на Русија
Ова пак, доведе некои коментатори, како што е поранешниот шведски премиер Карл Билт, да тврдат дека револуцијата во 2018 година во Ерменија - каде што масовните демонстрации доведоа до оставка на долгогодишниот претседател Серж Саркисијан - е поучен пример за Белорусија.
Билт смета дека Ерменија го понудила најдобриот образец за тековните случувања во Белорусија, каде што нови избори може да го отворат патот за нова влада.
Иако ерменските протести го турнаа Саркисијан, новата администрација предводена од премиерот Никол Пашинин ја задржа проруската политика на земјата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„За да се обезбеди непречен процес, надворешната ориентација на Белорусија треба да се држи надвор од табелата“, напиша Билт, оценувајќи:
„Изборите и пошироката борба мора да се однесуваат само на демократијата во земјата и на ништо друго“.
„Русија не интервенира секогаш ако нејзиниот партнер изгуби на изборите. Москва може да живее со промена на власта и Ерменија е најдобриот пример за тоа“, вели Форбриг, наведувајќи дека Русија сè уште го обликува својот пристап кон Белорусија, но оти минатото покажува дека Москва може да биде прилагодлива.
Кутија за алати
Но, за разлика од Саркисијан во Ерменија, Лукашенко не покажува знаци на напуштање на функцијата по своја волја, кој за време на посетата на една фабрика рече: „Нема да има нови избори сè додека не ме убиете“.
Лукашенко ѝ наредил на полицијата да им стави крај на протестите
И покрај народните протести против неговото владеење, Лукашенко сепак изгледа дека ужива огромна поддршка меѓу воените и безбедносните служби и, за разлика од Ерменија, белоруските власти немаат никакви проблеми да употребат сила против своите граѓани.
Со тоа што Лукашенко јасно стави до знаење дека нема намера да се откаже од власта и нема јасен пат кон политичка транзиција на хоризонтот, ЕУ има малку други опции освен санкциите и поддршката што веќе ја понуди.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Марија Садускаја-Комлач, белоруска новинарка и координатор на програмата Free Press Unlimited изјави за РСЕ дека верува оти ЕУ не го искористила доволно постојниот механизам што веќе го поседува, особено Европската фондација за демократија (ЕЕД), организација основана за поддршка на граѓанското општество и политичките активисти.
ЕЕД беше особено тивка во текот на неделните протести во Белорусија, поради што Садускаја-Комлач смета дека тоа испраќа сигнал за рамнодушност кон демонстрантите.
Во меѓувреме, санкциите се чини дека се главната опција во кутијата со алатки на ЕУ.
Збунет Кремљ
Тековната состојба е исто така и политички тешка за Кремљ. Без оглед како ќе заврши, Москва ќе задржи значително влијание во Белорусија.
Економијата главно се потпира врз Русија, која го субвенционира Минск со ниски трошоци за нафта и бензин, а и двете држави се добро интегрирани во унија што Кремљ сака да ја продлабочи.
Песков: Нема потреба Русија да ѝ помага на Белорусија
Понатаму, рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко имаат напнати односи, при што белорускиот претседател се спротивстави на притисокот на Путин за подлабока економска унија.
Но, доминацијата на Лукашенко создава неволји за Русија. За разлика од Украина, каде Кремљ помина со децении култивирајќи проруски политичари, партии и олигарси, Белорусија има други алтернативи за поддршката на Москва.
Слично на тоа, на Циханускаја, која е во егзил во Литванија и на нејзината кампања, која им овозможи на членовите на опозицијата финансирана од Запад да доминираат во Советот за координација за повторување на изборите се гледа со сомневање од страна на Москва.
„Ова не може да биде ситуација како Ерменија затоа што Лукашенко нема да се откаже“, вели за РСЕ Ангела Стент, поранешен американски државен службеник за разузнавање и професор на Универзитетот Џорџтаун, додавајќи:
„Не гледам дека тој ќе се откаже мирно, а камоли да преговара за напуштање на земјата или за одржување нови избори“.
Засега, Москва се чини дека го поддржува својот проблематичен партнер во Минск кој се обидува да остане на власт. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров неодамна предупреди дека ситуацијата во Белорусија е „продолжение“ на битката меѓу Русија и ЕУ околу Украина.
„Никој не сака повторување на Украина во 2014 година и никој не сака да стори нешто што ќе ја испровоцира Русија. Значи тука Западот има многу ограничено поле“, вели Стент.