Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика руските власти да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, откако во болница во Берлин, каде што лидерот на опозицијата Алексеј Навални беше префрлен на лекување, беа пронајдени елементи кои покажуваат дека тој бил отруени.
Тестирањето во Германија покажа индиции дека Навални бил отруен
Германска болница која го прими лидерот на руската опозиција Алексеј Навални на третман соопшти дека засега не е позната специфичната супстанција со која бил труен. Русија ги отфрли ваквите наводи. Главниот противник на Кремљ 44 годишниот Навални беше хоспитализиран во Омск во четвртокот, во кома откако му се слошило, а потоа во саботата беше префрлен во болница во Берлин.