За денеска во 11 часот е закажана собраниска седница за, како што е наведено на интернет страницата на Собранието, предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието. Во предлог одлуката потпишана од собранискиот спикер Талат Џафери се наведува дека „собранието на Република Северна Македонија има пет потпретседатели“.
Конституирано Собранието - почнуваат преговорите за нова влада
Инаку, според Деловникот на Собранието бројот на потпретседателите го утврдува собранието по предлог на претседателот на парламентот. Претходно лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Зоран Заев изјави дека прво парламентот мора да избере потпретседатели, па потоа предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен до Собранието. Тој и лидерот на ДУИ Али Ахмети во минатата недела се договорија да формираат владино мнозинство кое заедно со едниот пратеник од ДПА има 62 пратеници.