Во време кога се зголемуваат сомнежите на Европската унија за тоа дали белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе прибегне кон жестока репресија против опозицијата и бунтовниците, високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека „ЕУ не сака друга Украина и тоа е причината зошто се разговара со Русија со цел да се сврти ситуацијата во Белорусија кон демократизација “. Борел ова го изјави откако шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, го повикал по телефон со цел „да не се повтори фијаско како во Украина овој пат“.
Десетици илјади луѓе на протестите против Лукашенко
„Европската унија не сака да се бори со Русија околу геостратегиската, контрола, туку само да ја охрабри демократизацијата и да им помогне на Белорусите да бараат слобода“, објасни високиот претставник на ЕУ. „Имаше геополитичка димензија на украинската криза, конфликт околу желбата на земјата да се сврти кон Европа и желбата да и се приклучи на Русија, оцени Борел, додавајќи дека „Белорусите сега бараат слободи и човекови права“, а ЕУ сака да ги охрабри политичките реформи.