Во Белорусија денеска ќе се одржат нови протести против спорниот реизбор на Александар Лукашенко, кој еден ден претходно ги стави вооружените сили на земјата на „висок степен на предупредување“, поради тврдењата дека западот распоредува сили на границата на земјата.
Илјадници излегоа на улиците на Белорусија, откако Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, беше прогласена за победник на претседателските избори. Повеќе од 7.000 лица се приведени и стотици повредени од полицијата. ЕУ и Соединетите држави упатија критики за гласањето.
Кандидатот на опозицијата Светлана Циханоскаја, која по изборите побегна во Литванија и тврдеше дека освоила од 60 на 70 проценти од гласовите изјави дека Белорусите мора да „се борат за своите права“ и да не бидат вознемирени од тврдењата на Лукашенко дека земјата била под воена закана.
„Ние сме луѓе на Белорусија и ние сме мнозинство и нема да се повлечеме. Не се плашиме повеќе од нив“, рече таа.
Лукашенко ќе ја зајакнува одбраната на границите
Лукашенко тврди дека силите на НАТО во Полска и Литванија „сериозно се мешале“ во близина на границите на Белорусија. НАТО соопшти дека тврдењата се „неосновани“.
„Како што веќе јасно кажавме, НАТО не претставува закана за Белорусија или за која било друга земја и нема воено градење во регионот“, се вели во соопштението.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа исто така го негираше обвинението.